Откријте дали црното чоколадо го намалува ризикот од депресија

Повеќе од 300 милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Дополнително треба да се утврди дали црното чоколадо штити од депресија или го намалува ефектот на депресија кај конзументите.
Чоколадото содржи прилично психоактивни состојки, меѓу кои и два вида анандамин, кои предизвикуваат еуфорија слична како и канабисот. Црното чоколадо содржи и голем број антиоксиданси кои ги намалуваат инфламаторни процеси во телото, за кои голем број научници веруваат дека ја предизвикуваат депресијата. Чоколадото содржи и фенилетиламин, неуромодулатор за кој се претпоставува дека е важен регулацијата на расположението.
Но, резултатите од истражувањето спроведено во Канада покажуваат дека луѓето кои јадат црно чоколадо се помалку депресивни од другите. Во истражувањето биле вклучени повеќе од 13.000 испитаници при што е утврдено дека лицата кои јаделе црно чоколадо имале помалку проблеми со депресијата. Додека лицата кои јаделе млечно или бело чоколадо немала таков резултат.
Испитаниците кои јаделе црно чоколадо подолго од два дена имале за 70 насто помали шанси да добијат симптоми на депресија. Додека лицата кои конзумирале било какво чоколадо имале за 58 насто помалку изразени симптоми на депресија во споредба со тие што воопшто не јаделе чоколадо.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.