Откријте какви сте во љубовта

Какви сте во љубовта? Одговорете на овие 6 прашања и откријте нешто ново за себе, или пак пробудете го она што веќе го знаете.
Прочитајте го првото прашање, па одговорете на него, па дури потоа прочитајте го одговорот. Направете го истото и за останатите прашања.
Одите кон куќата на својата сакана личност. Две патеки кон нивната куќа, едната е рамна и на неа многу брзо ќе дојдете до куќата, но монотона и досадна. Другата патека е значително подолга, но полна со убави куќи, пејсажи и интересни работи кои можете да ги видите. Која патека ќе ја изберете?
На патот наоѓате 2 грмушки со рози. Едните се црвени, а другите бели. Треба да изберете 20 рози за саканата личност, од било која боја. Колку ќе земете од белите, а колку од црвените?
Стигнувате до куќата на саканата личност. Членот на нивното семејство отвора врата. Дали би сакале тие да ја викнат вашата љубов, или да го направите тоа самите?


Одите до нивната соба, но собата е празна. Одлучувате тука да ги оставите розите. Каде ќе го направите тоа? На креветот или покрај прозорецот?
Подоцна, време е за спиење. Одите на спиење во одделна соба. Наутро кога одите во нивната соба и е време за будење, дали тие уште спијат или се будни?
Одите дома? По која патека ќе го направите тоа? Подолгата или пократката?
Толкување на одговорите.
Патеката го претставува вашиот став кон заљубувањето. Ако одите по кратката стаза, се заљубувате брзо и лесно. Ако ја избирате подолгата, за вас заљубеноста трае долго. Потребно ви е време и не се заљубувате туку така.
Бројот на црвените рози покажува колку давате во односот со саканата личност, а белите колку очекувате за возврат. На пример, ако сте избрале 18 црвени и 2 бели рози, вие давате 90 %, а земате 10 %.
Ова прашање го покажува вашиот став кон проблемите во врската. Ако замолувате член на нивното семејство да ги викне, тогаш вие знаете дека можете да се потпрете на своите блиски, а ако го правите тоа сами, тогаш самите сакате да ги решавате своите проблеми.


Местото на кое ги оставате розите покажува колку често сакате да ја гледате саканата личност. Ако ги оставате покрај прозорецот, тогаш не ви е проблем да се гледате поретко,но тие да бидат во вашиот живот. Ако пак ги ставивте на креветот, сакате постојано да сте покрај нив.
Ова прашање го претставува вашиот став кон карактерот на саканата личност. Ако тие уште спијат, ги сакате онакви какви што се, додека пак ако ги замисливте дека се будни, очекувате тие да направат некаква промена за вас.
Патот кон дома говори за тоа колку долго останувате заљубени.Ако избирате пократка патека, вашата заљубеност престанува брзо. Ако одбирате подолга патека, склони сте кон тоа подолго да останете заљубени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.