Откријте како правилно да ги прочитате налепниците на овошјето или зеленчукот

Обично на бананите, но често и на другите овошки и зеленчуци, налепниците на кората се нешто што повеќето луѓе дури и не го забележуваат и инстинктивно го одлепуваат пред јадење. Дури и ако ги забележите, ретко кој знае што значи напишаното на нив.
Откријте како правилно да ги прочитате налепниците на овошјето или зеленчукот
Но, тие не се таму случајно, објаснуваат познавачите на трговијата со овошје и зеленчук. Покрај името на производителот, декларацијата треба да содржи и број што открива важни информации за начинот на одгледување на овошјето. Декларациите се главно за овошјето увезено од странство, а ова е значењето на броевите напишани на налепниците:
Налепница со 4 броеви
За овошјето кое има декларација со 4 броеви кои почнуваат со бројот 3 или 4, значи дека тоа било одгледувано со вештачки ѓубрива, односно според земјоделските прописи што се на сила последните 50 години. На пример, ваквите лимони се нумерираат 4033, додека бананите го носат бројот 4011.
Налепница со 5 броеви
Ако овошјето нема 4 броја, туку 5 – од кои прв е бројот 9, тоа укажува дека овошјето е органско. Ваквата декларација е гаранција за одгледување без ѓубрива и пестициди. На пример, органски одгледуваните банани го носат бројот 94011.


Ако првата бројка на декларацијата е 8
Ова е можеби најспорната декларација и укажува на тоа дека се работи за плодови кои се генетски модифицирани и шифрата им е со 5 броја, од кои првиот секогаш е бројот 8. На пример, ваквите банани го носат бројот 84011.
Што гарантира „еко“ декларацијата?
Со цел овошјето и зеленчукот да бидат означени како „еко“, треба да бидат исполнети и условите во врска со складирање и транспорт на плодовите. Така, за разлика од конвенционалното овошје и зеленчук, овие плодови не смеат да се прскаат со хемикалии, да се озрачуваат или да се подложува на какви било процеси што вештачки го продолжуваат рокот на траење на производите.
Разликата помеѓу „природните“ и „еко“ производите
Постои разлика помеѓу органските и природните производи. Сепак, многу луѓе не знаат дека тие се природни ако не се третирани со хемикалии или ако се само минимално третирани. За разлика од органските, тие не се сертифицирани и нивното производство не се контролира систематски, а нема информации ниту за употребата на конзерванси за одржување на производите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.