Официјален Киев се налути: Kулеба не доаѓа на министерскиот состанок во Скопје

Шефот на украинската дипломатија Дмитри Кулеба не доаѓа на министерскиот состанок во Скопје. Русија го уништува ОБСЕ, а доаѓањето на руска делегација ќе ја влоши кризата во организацијата, порача официјален Киев.

ИРАН ПРВ ПАТ ГО КОРИСТИ „ОСВЕТНИКОТ“: Ова е суперсонична ракета која удри во израелските градови – ПОЖАРОТ ја крена Белата куќа на нозе
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда. Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, утврди дека …
По нападот на Иран врз Израел: Светските лидери стравуваат од сеопфатна војна, Хамас го поздрави чекорот на Техеран
Одбранбениот систем на Израел го запре налетот на ракети и нападот на Иран падна: Израелската армија вети одмазда додека светските лидери стравуваат од изгледите за сеопфатна војна на Блискиот Исток …

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко ја објави одлуката на социјалните мрежи и порача дека Москва го злоупотребува правилото за консензус, се служи со закани и отворени уцени, ја блокираше кандидатурата на Естонија, но и дека Русија незаконски приведе тројца Украинци претставници на ОБСЕ, кои се во затвор повеќе од 500 дена.

Официјален Киев се заблагодари на напорите на Македонија и на министерот Османи, порачаа дека се благодарни за високиот професионализам, но и покрај тоа, Украина нема да учествува на состанокот на ниво на министер.

– Русија создаде егзистенцијална криза во ОБСЕ и ја претвори организацијата во заложништво на нејзините каприци и агресија. Во такви услови, присуството на руската делегација на министерскиот состанок на министерско ниво за првпат од почетокот на целосната инвазија на Русија во Украина само ќе ја влоши кризата во која Русија ја воведе ОБСЕ. Заедно мораме да работиме на спасување на ОБСЕ од Русија, а не со испраќање сигнали за можноста за враќање на формите на соработка кои постоеја до февруари 2022 година, на државата која ја спроведе најголемата вооружена агресија во Европа од крајот на Втората светска војна и грубо ги прекрши сите принципи на завршниот акт на Хелсинки. – порачаа од амбасадата на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.