На покана на претседателот Александар Вучиќ во официјална посета на Србија денеска ќе престојува рускиот претседател Владимир Путин.
Како што е најавено, по свечениот пречек на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, Путин ќе положи венци на гробиштата на ослободителите на Белград и на споменикот на црвеноармејците, по што ќе има официјална средба со неговиот домаќин, претседателот Вучиќ.
По разговорите меѓу двајцата претседатели ќе се одржи официјална средба меѓу делегациите на двете земји и ќе бидат потпишани повеќе документи за соработка. По ова Владимир Путин на српскиот претседател Вучиќ ќе му го врачи орденот на Александар Невски, а престојот во Србија претседателот Путин ќе го заврши со посета на белградскиот храм “Свети Сава“.