недела, 29 ноември 2026
Најново

Официјална посета на Путин на Србија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На покана на претседателот Александар Вучиќ во официјална посета на Србија денеска ќе престојува рускиот претседател Владимир Путин.
Како што е најавено, по свечениот пречек на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, Путин ќе положи венци на гробиштата на ослободителите на Белград и на споменикот на црвеноармејците, по што ќе има официјална средба со неговиот домаќин, претседателот Вучиќ.
По разговорите меѓу двајцата претседатели ќе се одржи официјална средба меѓу делегациите на двете земји и ќе бидат потпишани повеќе документи за соработка. По ова Владимир Путин на српскиот претседател Вучиќ ќе му го врачи орденот на Александар Невски, а престојот во Србија претседателот Путин ќе го заврши со посета на белградскиот храм “Свети Сава“.

Поврзани вести