-Не се основани шпекулациите дека починал уште еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, и дека бројката се искачила на 15 загинати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче претпладнево, по посетата заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи на полесно повредените кои се хоспитализирани во скопската Градска болница “8 Септември“.
Премиерот Заев се заблагодари и на итната помош, на полицијата и пожарникарите, како и на „8 Септември“ и на Клиничкиот центар, како и на тетовската болница, но исто така и на локалното население што прво притрчало да помага на повредените.
– Сакам да се заблагодарам на “8 Септември“ каде сме сега, на Клиничките центри, сите други јавни институции и во Тетово и во Гостивар, но и на полицајците и пожарникарите и на сите други јавни служби кои беа со желбата да помогнат на луѓето и да учествуваат во нивното спасување. Сакам да се заблагодарам од името на Владата за солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани од селото кошто притрчаа во првиот момент и буквално покажаа човечност, големина.Владата е подготвена да помогне за се што треба, за повредените, секако и за семејствата на загинатите. Навистина огромна трагедија, која ја обви во тага целата наша земја, порача премиерот Заев.