Официјално: Вето од Бугарија за Македонија

Бугарија попладневно и официјално стави вето на преговарачката рамка на Македонија, која и натаму, останува во чекалната на Европската Унија. Ова поради тоа што бугарските услови на кои инсистира официјална Софија не се исполнети.

Предлозите на Скопје не ги одразуваат бугарските барања и не можат да бидат поддржани во сегашната форма. Захариева истовремено изјави дека Софија дава зелено светло за Албанија.

Образложувајќи зошто Софија дала поддршка за Албанија Захариева нагласи дека земјата „ги исполни повеќето услови поставени со одлуката во март“. Захариева се повикува на одлуката на европските лидери во март (поддржана од Бугарија) за официјално одобрување на разговорите со Македонија без одредување датум.

„Бугарија во оваа фаза не може да ja поддржи преговарачката рамка со РС Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Предлогот не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма“ – изјави на прес конференција министерката.

Михаил Рот, потврди дека сега не е момент за одржување на првата меѓу владина конференција, бидејќи билатреални спорови неможат брзо да се решат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.