Во документот, објавен од Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес, а до кој дојде The Blast, се наведува дека причината за смртта на Пери е „одложена“ во очекување на деталната анализа на неговите токсиколошки резултати, откако првичните резултати покажале дека тој нема траги од нелегални супстанци фентанил и метамфетамин, објави Индипендент.
- Лавров: Москва е подготвена на преговори со Украина, но да се земе предвид реалната ситуација
- Денеска се празнува Светиот пророк Агеј
- Турски државјанин приведен во Скопје, ја нападнал сопругата
- Ковачев: Македонија бега од спроведување на договорите како ѓавол од темјан
- Син на поранешен функционер повикан во полиција поради оддавање на службена тајна
- Прв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридско село
- Довербата на Французите во Макрон е на најниско ниво од протестите на „жолтите елеци“
- Голема акција на грчката полиција- во Солун и Атина се апсат припадници на турската мафија
- БОЖИНОВСКИ: СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА СЛУЧАЈОТ ,,ДЕЛЧЕВСКИ НИВИ“!?
Во документот се вели и дека актерот починал на 28 октомври во 16:17 часот во својот дом во Лос Анџелес и дека неговото безживотно тело било пронајдено во џакузи.
Во изводот на смртта стои и дека Пери работел во забавната индустрија како актер 38 години, а се наведува и дека сите потребни информации на истражителите им ги дал неговиот очув Кит Морисон.
Да потсетиме, најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Forest Lawn во Лос Анџелес, во близина на студиото Warner Bros за последен пат да се простат од Пери.
Заедно со бројни пријатели и членови на семејството, на погребот беа и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. „Анистон беше една од првите кои пристигнаа на погребот“, изјави извор за Дејли Мејл.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.