Охрабрувачките податоци од Германија ги потикнаа европските акции

Европските акции пораснаа во вторникот, поттикнати од новите знаци за закрепнување на германската економија и добивката на прехранбениот гигант Danone, иако расположението на берзите и натаму е воздржано во пресрет на италијанските избори.Лондонски FTSЕ порасна за 0,59 отсто, на 6.355 поени, франкфуртскиот DAX се зголеми за  1,22 отсто, на 7.721 поени, а париски CAC беше во плус за 1,48 отсто, на 3.721 поен.Берзите ги поттикна извештајот на германскиот институт ZEW, кој покажа значително подобрување на очекувањата на германските институционални инвеститори во февруари.Индексот што го изработува овој институт скокна во февруари за дури 16,7 поени, на 48,2 поени, што е највисоко ниво за речиси три години.Меѓу одделните добитници се издвои германски Bayer, чија акција скокна за 2,7 отсто.Француската групација Danone доби на вредноста 4,4 отсто благодарение на неочекувано силниот раст на продажбата. Но, Danone најави дека ќе укине 900 работни места во Европа, за да полесно се носи со падот на продажбата на југот на континентот.Расположението донекаде го расипува неизвесноста околу италијанските парламентарни избори кои ќе бидат одржани викендов. Се стравува дека расцепканиот парламент би можел да биде пречка во спроведувањето реформи, чија цел е намалување на огромниот долг.Andrea Williams, менаџер во компанијата Royal London Asset Management, проценува дека по изборите во Италија ќе биде формирана влада која ќе продолжи со реформите, што ги смири инвеститорите.Поддршката на берзите им пружаат и охрабрувачките резултати на водечките европски компании, вели Вилијамс.„Италија е уште една пречка која треба да се совлада, но општо гледано корпоративните резултати се прилично добри“, додаде Вилијамс.
МакфаксЕвропските акции пораснаа во вторникот, поттикнати од новите знаци за закрепнување на германската економија и добивката на прехранбениот гига

Пронајдете не на следниве мрежи: