На регионалниот пат Охрид – Свети Наум синоќа околу 22:30 часот се случи тешка сообраќајна незгода. Додека триесетитрогодишниот Ц.К.(33) од Охрид го управувал своето патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење. Од пожарот возачот изгубил контрола врз возилото и излетал од патот. Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди (изгореници) и е пренесен во Општа болница Охрид, а на местото на настанот е извршен увид од страна на МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.