Охриѓани Оддадоа Почит на Жртвите од Несреќата во Кочани

Денеска на пладне, организирани од младинските и ученичките заедници, заедно со Студентските собранија и Локалниот младински совет, на Градскиот плоштад во Охрид се одржа тивка комеморација. Настанот, кој траеше 60 минути, беше во чест на жртвите од таа страшна трагедија во Кочани. Жителите на Охрид, и покрај дождливото време, се собраа да им изразат почит и солидарност на загинатите и да дадат поддршка на семејствата на сите повредени во најголемата несреќа што ја памети независна Македонија. Во истиот дух на соработка, Општина Охрид за престојната седмица најави состанок на Советот на кој ќе се разгледа можноста за финансиска помош за засегнатите семејства и за ранетите лица во пожарот кој потекна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
The post Охриѓани Оддадоа Почит на Жртвите од Несреќата во Кочани appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: