Очув од Делчево повеќе од една година вршел обљуба над малолетната ќерка на сопругата

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела …
САД: ПОЖАРОТ ПОДМЕТНАТ?! Полицијата во Лос Анџелес уапси пироман, истрагата доби шокантен тек!
Пожарот во Кенет во Лос Анџелес сега се истражува како случај на подметнување пожар, а едно лице е уапсено, потврди полицискиот оддел на Лос Анџелес.Пожарот Кенет е само еден од петте шумски пожари …

-Осомничениот, во периодот од летото 2022 година до 30.11.2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.