ОЈО Скопје: Издадени наредби за обдукција на починатите од тешката сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје издало наредба за обдукција на тројцата загинати во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.

Од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија за утврдување на причините за сообраќајката. Во текот на ноќта ОЈО издало наредба и за вештачење на траги пронајдени на местото на несреќата.

„Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот“, велат од ОЈО.

Пронајдете не на следниве мрежи: