Го ставате вашето дете во дубак? Ова е шокантната вистина која МОРА да ја знаете

Многу родители веруваат дека користењето дубак ќе го забрза процесот на проодување на нивното бебе и дека ќе му помогне во развојот. За жал, тоа не е воопшто точно.
Сè поголем е бројот на педијатри низ светот кои повикуваат на забрана за продажбата и користењето на овие помагала, не само поради тоа што го забавуваат процесот на проодување, туку и затоа што се екстремно опасни за бебињата.
Во изминатите години, истражувањата покажаа дека дубакот не само што не им помага на бебињата побрзо да проодат, туку и го одложува проодувањето. Важно е да се напомене дека значаен фактор тука е и времето кое бебето го поминува во дубак. На секои 24 часа поминати во него, проодувањето се одложува за 3 дена, а самостојното стоење за 4 дена.
Но, ова не е најважната причина зошто докторите се против употребата на дубаци. Најважната причина е безбедноста на малите.


Во САД, повеќе од 2.000 бебиња секоја година се примени на оддели за Итна медицинска помош поради повреди поврзани со користењето дубак.
„Гледам на бебешките дубаци како на опасни предмети кои немаат никакви позитивни ефекти и поради тоа не треба да бидат продавани во САД“ – вели доктор Бенџамин Хофман, педијатар кој стои на чело на Комитетот за повреди, насилство и труење во Американската асоцијација на педијатри.
Според ново истражување, објавено минатиот месец во списанието „Pediatrics“, во САД вкупно 230.676 деца помали од 15 месеци биле третирани во болница за повреда настаната при користењето на дубак во периодот помеѓу 1990 и 2014 година. Најголем дел од нив (90,6%) имале повреди на главата и вратот, а 74,1% биле повредени по пад по скали.
Според Американската асоцијација на педијатри, дубаците се дизајнирани за да им дадат мобилност на децата меѓу 5 и 15 месеци, пред тие да научат самостојно да одат. За жал, тие водат до повреди кои би можеле да бидат спречени. Имено, дубаците им овозможуваат на бебињата да стигнат на места кои инаку не им се достапни, како кујната во која има многу потенцијални опасности.
Во Канада продажбата на дубаци е забранета од 2004 година. Сопствениците на дубак може да добијат казна од 100.000 канадски долари до 6 месеци затвор.


Како алтернатива на опасните дубаци се препорачуваат џамперите и проодувалките.
„Бидејќи најбезбедниот дубак е оној без тркала, неподвижните помагала треба да се промовираат како побезбедна алтернатива на подвижните дубаци“ – велат од ААП и додаваат дека по претставувањето на џамперите на пазарот во 1994 година, бројот на повреди кај бебињата драстично опаднал.
Од асоцијацијата додаваат и дека дубаците им овозможуваат на бебињата да се движат толку брзо што и најагилните родители не можат навреме да реагираат на потенцијалните опасности.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.