Кандидатот на неодамна завршените претседателски избори во Романија, Ѓорѓе Симион, лидер на партијата „Алијанса за обединети Романци“, бара од судот да го сослуша основачот на Телеграм, Павел Дуров.
Симион поднесе жалба од 20 страници до Уставниот суд во Романија, во која тврди дека мајските избори во земјата биле фалсификувани и под влијание на странска држава.
Западни држави обвинија руски хакери за кампања на кибер напади
Симион претходно истакна дека „ниту Франција, ниту Молдавија, ниту кој било друг нема право да се меша во изборите на друга земја“.
Според романските медиуми, жалбата би можела да се разгледа на 22 мај.
„Бараме од судот да го сослуша Павле Дуров преку видео врска. Тој е подготвен да сведочи за да се разјасни ситуацијата“, рече Симион во видео порака на социјалните мрежи.
Тој изјави дека жалбата содржи и барање за проучување на писмените докази.
Трамп му покажуваше на Рамафоса видеа за „бел геноцид“ во Африка
Претставниците на „Алијансата за обединување на Романците“ сметаат дека евентуалното мешање во изборите преку Телеграм потенцијално влијаело врз исходот од гласањето.
Дуров неодамна откри дека добил барање од француската разузнавачка служба за „блокирање на конзервативните гласови“ пред романските избори, што предизвика големо внимание во јавноста и поттикна нови сомнежи за регуларноста на изборниот процес.
Тој изјави дека е подготвен да отпатува во Романија и лично да сведочи во врска со мешањето на Франција во претседателските избори во таа земја.
Со тие зборови, тој одговори на барањето на Ѓорѓе Симион.
Пронајдете не на следниве мрежи:



