Плејбој-зајачица во својот дом без најава паднала и починала

На 29-годишна возраст во Москва починала поранешната плејбој-зајачица и познат модел, Жана Расказова.

Таа била во својот дом, заедно со еден пријател, кога изненадно паднала и веднаш починала. Пријателот сведочел дека неколку часа претходно во нејзиниот дом дошол лекар од приватна клиника, кој и пружил детокс третман, откако манекенката целиот викенд го поминала во излегување, јадење и пиење.

Манекенката на докторот не му кажала дека зема и други лекови, за други здравствени нарушувања. Таа веднаш по третманот заспала, но нејзиниот пријател вели дека цело време чудно дишела.

Кога се разбудила, почнала да се гуши и паднала, а кога пристигнала брзата помош, била констатирана само смрт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.