Тој на новинарите по седницата изјави дека е горд на она што го направиле за 100 дена и дека ќе бидат „запаметени како најкратката влада, но која имала тешки задачи“.
Премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ изјави дека се чувствува горд по денешната дискусија и упати честитки за „новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ“.
Тој рече дека „се надева на брзо постигнување договор“.
„Од денеска ситуацијата ни е полесна – со оваа држава ќе владеат или криминалци или граѓани. Ние сме на страната на граѓаните“, рече Абазовиќ.
Тој на новинарите по седницата изјави дека е горд на она што го направиле за 100 дена и дека ќе бидат „запаметени како најкратката влада, но која имала тешки задачи“.
„Тука сме да продолжиме да се бориме заедно за граѓанска, демократска и еколошка Црна Гора.
Тој им се заблагодари на сите пратеници кои не ја поддржаа иницијативата, особено на Генци Ниманбегу.
Тој рече дека нема да учествува во новата влада.
А јас разбрав дека нема да има ниту СНП. Нека седнат на маса Мило Ѓукановиќ, Алекса Бечиќ и Дамир Шеховиќ и нека се договорат за ново мнозинство“, рече Абазовиќ.
Тој додаде дека не сака секојдневните покани за седнување на маса и дека е привилегија да се биде опозиција на „ваков ДПС“.
На прашањето како би одел на изборите без Уставниот суд, тој одговори – прашајте од ДПС.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.