Лидерите на ЕУ се согласија да ги искористат приходите од замрзнатите суверени руски средства за помош на Киев, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Лидерите на ЕУ се согласија да користат дел од замрзнатите руски средства, пред сè приходот од нив, за поддршка на Украина. Самитот потврди дека помошта за Украина останува приоритет на Европската унија“, рече Мишел на конференцијата по самитот.
Сепак, на самитот на ЕУ не беше постигнат договор за програмата за буџетска помош за Украина.
- Македонија добива нов извор на гас, започна со работа терминалот Александропули
- Руте ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО
- „НЕ ЗНАМ КАКО СТОЈАМ НА НОЗЕ“: Славна холивудска водителка се бори со три тешки болести
- (Видео) Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце!
- Баба Ванѓа му ја предвидела смртта на Саша Поповиќ, творецот на балканското тв-шоу “Ѕвездите на Гранд“
- СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски 100 дена изговори, скандали и разочарувања
- Путин му ја честиташе на Џинпинг 75-годишнината од основањето на Народна Република Кина
- НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети
- НАТО денеска добива нов шеф
Имено, во врска со програмата за помош од 50 милијарди евра ветена на Украина за следните четири години, Мишел само рече дека на самитот „се одржала дискусија за ревизија на буџетот“.
Според руските медиуми, идејата земјите-членки да одвојат дополнителни средства во буџетот на ЕУ за Украина ја блокирале Унгарија, Белгија, Словачка и голем број други земји од алијансата.
Лидерите на ЕУ, исто така, признаа дека и покрај сите напори, цените на енергијата во Европа остануваат премногу високи, најави претседателот на Европскиот совет.
Во меѓувреме, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека ЕУ го подготвува 12-тиот пакет санкции против Русија.
„Се консултираме со земјите членки. Конкретно, анализираме како да го оневозможиме приходот на Русија од дијаманти. Ова ќе биде направено во тесна координација со партнерите од Г7“, рече таа.
Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека замрзнувањето на руските средства во Европа е кражба и дека вакво нешто не се случува првпат. Европската унија не ги таргетира само средствата на приватни лица, туку и државниот имот на Русија, посочи таа.