По оставката на селекторот Мартинес веднаш по елиминацијата, дебаклот на Белгија на Мундијалот во Катар, каде што неочекувано не ја мина групната фаза, донесе нова „жртва“, а тоа е – Еден Азар (31 година).
Фудбалерот на Реал Мадрид денеска преку социјалните мрежи објави дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“ односно дека заминува во репрезентативна пензија.
„Денеска вртам нова страница. Ви благодарам за љубовта и за поддршката. Ви благодарам за среќата уште од 2008 година. Решив да ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Наследниците се подготвени. Ќе ми недостасувате сите“, напиша Азар.