Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и САД: Прекин на огнот на Црното Mоре

Белата куќа соопшти дека САД и Русија договориле безбедна пловидба во Црното Море, што беше една од главните цели на преговорите оваа недела, објави Ројтерс.

Се тврди и дека е постигнат договор за мерки кои треба да забранат напади врз енергетската инфраструктура во Русија и Украина.

Белата куќа изјави дека Вашингтон ќе помогне да се врати пристапот на Русија до светскиот пазар за извоз на земјоделски производи и ѓубрива и ќе продолжи да ги олеснува разговорите на двете страни во обид за постигнување на одржлив мир.

Пронајдете не на следниве мрежи: