По рекордната загуба на почетокот на неделата, цената на златото повторно остро падна во четвртокот, доближувајќи се на најниско ниво во последните две години, што го отвора прашањето дали е тоа привремено пореметување на пазарот или почеток на тренд во кој златото ќе загуби нешто од својот сјај.Падот на цената на златото дојде потполно неочекувано. Во анкетата на Reuters во јануари, во која учествуваа 37 аналитичари, беа изнесени очекувања дека оваа година цената на племенитиот метал би можела да достигне рекордно ниво. Со тоа би продолжил долгорочниот тренд кој трае веќе 12 години. За ова време цената на златото порасна од 250 долари за унца, на почетокот на векот, до 1.920 долари во септември 21 година.Меѓутоа, од почетокот на годината цената на златото потона за околу 20 отсто, од што најизразен беше падот во изминатата недела. Минатиот петок цената на златото на светските берзи потона за 5,2 отсто, а во понеделникот за 8,4 отсто, што е најголема дводневна загуба во изминатите 30 години. Притоа во вторникот цената на унцата се нурна на само 1.321 долари, најниско ниво за повеќе од две години.Продажбата на златото ја поттикнаа шпекулациите од минатата недела дека Кипар ќе биде присилен да ги продава своите златни резерви, за да обезбеди дополнителни средства за сузбивање на должничката криза.Вчера тоа го потврди и кипарскиот министер за финансии Харис Јоргиадис, велејќи дека очекува неговата држава да продаде дел од златните резерви во наредните неколку месеци. Но, предупреди дека конечната одлука за тоа треба да ја донесе централната банка.Кипар мора да продаде дел од своите златни резерви за да прибере околу 400 милиони евра, што е дел од средствата кои оваа островска држава мора да ги собере за да добие меѓународна финансиска помош вредна 10 милијарди евра.Аналитичарите на Goldman Sachs проценуваат дека таквиот потег на Кипар потенцијално би можел да влијае на поголема монетизација на златните резерви и останатите европски централни банки.Освен зголемената понуда на берзите, цената на златото паѓа и поради тоа што инфлацијата во најголемите светски се движи на најниско ниво. Златото, имено, на многу инвеститори им служи како заштита од инфлацијата, но поради слабостите на глобалната побарувачка, инфлацијата во повеќе најразвиени држави на светот повеќе не е никаков проблем, иако централните банки водат многу лабава монетарна политика и практично печатат свежи пари.„Се менува макроекономскиот амбиент кој ја поддржуваше цената на златото. Притоа, и покрај обилните инјекции на свежи пари од централните банки, нема показатели за јакнење на инфлаторниот притисок во светот. Точка на падот на цената на златото претставува и веста дека Кипар се подготвува да ги продава своите златни резерви, вели Коичиро Камеи, директор на институтот Market Strategy.И покрај поттикнувачките мерки на централните банки, последните неколку месеци забавува растот на најголемите светски економии, американската и кинеската, додека рецесијата во еврозоната се продлабочува. Поради тоа инвеститорите стравуваат од пад на глобалната побарувачка за метали и други суровини, поради што паѓаат и нивните цени.Централните банки се меѓу најголемите губитници од падот на цената на златото во последните денови, бидејќи поседуваат 31.694,8 метрички тони или 19 отсто до вкупните златни резерви на светот, според податоците на Светскиот одбор за злато. Оттука се проценува дека централните банки се во загуба од 560 милијарди долари и дека вредноста на нивните златни резерви и оние на ММФ сега изнесуваат 1.400 илјади милијарди.Најголеми златни резерви на светот имаат САД и Германија, кои држат отприлика 70 отсто од вкупните резерви на злато, Кипар има вкупно 13,9 тони злато во своите резерви.„Мислам дека по овој пад цените на многу институции ќе размислат за мудроста на користење на златото како инвестиција, но не верувам дека во овие неколку дена исклучителните осцилации на цената ќе и наштетат на улогата што ја има златото. Сепак, времето е покаже дали златото навистина е остаток од варварските времиња“, вели Даниел Бребнер, аналитичар во Deutsche bank.Бребнер смета дека централните банки и натаму ќе бидат купувачи на овој вреден метал поради неговата улога во ликвидниот имот во тешки времиња, што се покажува и со примерот на Кипар.Во прилог на тоа доаѓа и изјавата на гувернерот на Шри Ланка дека падот на цената на златото е можност за таа држава да ги зголеми своите златни резерви.Јужнокорејската централна банка порача, пак, дека е загрижена од падот на цената на златото, но дека држењето на златни полуги е дел од нејзината долгорочна стратегија за диверсификација на резервите од која не отстапува.Но, има и поинакви мислења.„Инвеститорите полека сфаќаат дека во долгорочниот тренд на раст на суровини, па и златото, кој трае од почетокот на векот и кој некои го нарекоа супер-циклус, можеби му се ближи крајот“, вели Шејн Оливер, стратег во компанијата AMP Capital Investors.
МакфаксПо рекордната загуба на почетокот на неделата, цената на златото повторно остро падна во четвртокот, доближувајќи се н