Индустриското производство во Србија во февруари 2025 година е за 1,8 отсто помало во однос на истиот месец од 2024 година, објави денеска Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Споредено со просекот во 2024 година, индустриското производство е помало за 2,4 отсто.
Индустриското производство во периодот јануари-февруари 2025 година, во однос на истиот период од 2024 година, е помало за 0,7 отсто.
Гледано по сектори, во февруари 2025 година, во однос на истиот месец од 2024 година, производството во секторот преработувачка индустрија е намалено за 2,5 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација падот е 1,1 отсто.
Во тој период индустриското производство во рударскиот сектор е зголемено за 3,1 отсто.
Обемот на индустриското производство во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, е намален во 18 области, кои сочинуваат 54 отсто од структурата на индустриското производство, а бележат пораст во 11 области, чие учество во структурата на индустриското производство изнесува 46 отсто.
Сезонски прилагодениот индекс на индустриското производство за февруари 2025 година во однос на јануари 2025 година покажува дека има вкупно намалување од 1,2 отсто кај индустријата, а пад од 1,9 отсто кај преработувачката индустрија.