Пад на продажбата на мобилни телефони

Продажбата на мобилни телефони на пазарите ширум светото падна во минатата година прв пат од 2009 година, со оглед на ослабениот апетит на потрошувачите за евтини апарати, објави во средата истражувачката компанија Gartner.Вкупно на пазарите ширум светот во 2012 година на крајните корисници им биле продадени 1,75 милијарди мобилни телефони, односно 1,7 отсто помалку во однос на 2011 година.„Тешките економски услови, променливите преференци на потрошувачите и интензивната пазарна конкуренција дополнително го ослабнаа пазарот на мобилни телефони“, изјави аналитичарот Аншул Гупта.Продажбата на паметните телефони продолжи да расте, а оваа година се очекува технолошки напредните апарати за пар пат да чинат повеќе од половина од пазарот.Samsung и Apple одново доминираа на пазарот. Јужнокорејската компанија продала 385 мобилни телефони, од што 53,3 отсто биле паметни телефони, додека американскиот гигант продал 130 милиони паметни телефони.Уделот на овие две компании на пазарот на паметни телефони во четвртиот квартал се искачи на 52 отсто, од 46 отсто колку што изнесуваше во претходните три месеци.Кинеската компанија Huawei прв пат во четвртиот квартал го зазеде третото место на светот по продажба, објави Gartner.
МакфаксПродажбата на мобилни телефони на пазарите ширум светото падна во минатата година прв пат од 2009 година, со оглед на

Пронајдете не на следниве мрежи: