Пазарната инспекција влегла на седум свадби

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа биле во контрола на седум објекти каде се одржувале свдабени веселби и покрај забраната поради коронавирусот.
Една од свадбите се случувала во Струга, две во Тетово и четири во Скопје.
„За субјектите кои организирале свадби ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство“, велат од Владата.
Државниот пазарен инспекторат во текот на вчерашниот ден спровел над 100 контроли низ целата држава.
Вкупно за 19 субјекти се изречени казни за непочитување на здравствените протоколи, меѓу кои спаѓаат и организаторите на свадбените веселби.
Дополнително, за непочитување на протоколите казнети се уште 2 субјекти во Струмица, 5 во Скопје и 1 во Битола.
За четири субјекти кои не го почитувале работното време, ќе бидат изречени прекршочни пријави, ќе бидат издадени платни налози за парична казна и решение за затворање на објектите од 10 до 30 дена во зависност од пречекорувањето на работното време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.