недела, 15 ноември 2026
Најново

Пакистанец си ја убил 15- годишната ќерка поради видеа што ги објавувала на ТикТок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Човекот, на возраст од 50 години, неодамна се вратил со своето семејство од Соединетите држави да живее во Квета во југозападен Пакистан, изјави началникот на полицијата Бабар Балоч. Таткото, кој сега е во притвор, признал дека ја застрелал својата ќерка претходно оваа недела, откако таа одбила да се облекува поскромно и да престане да објавува видеа на TikTok кои семејството ги сметало за „непристојни“.

Полицијата случајот го третира како убиство за чест. Речиси илјада жени во Пакистан се убиваат секоја година од блиски роднини, татковци, браќа и синови, под изговор дека ја бранат семејната чест, според Комисијата за човекови права на Пакистан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Убијците во повеќето случаи ја избегнуваат казната поради контроверзната одредба во исламскиот закон што им дозволува на роднините на жртвите да му простат на сторителот, според Амнести интернешенел. Пакистан донесе закон во 2016 година за делумно отстранување на оваа контроверзна одредба, но тоа не се покажа како доволна за да се запре оваа практика, според Human Rights.

Поврзани вести