ПАЛАТАТА дава, СДСМ ќути: Двајца градоначалници на Мицковски ТРАНСФЕРИРАЛЕ во само една фирма со НАД 80 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!

Врана на врана очи не вади… Кратка коалициска приказна на СДСМ и ДПМНЕ каде и едните и другите ги цедат државниот и општинските буџети, а никој никого за ништо не гони, ниту за во јавност, а камо ли со конкретни постапки.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, чија цела предизборна кампања се засноваше на ветувања дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ги гонат претходниците, кои тогаш беа најголеми криминалци и штетници, откако седнаа во удобните фотелји изгледа се предомислија.

ПАЛАТАТА дава, СДСМ ќути: Двајца градоначалници на Мицковски ТРАНСФЕРИРАЛЕ во само една фирма со НАД 80 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!

Не само што досега нема ниту една кривична пријава за претходните градоначалници од СДСМ, туку и „новиве лица” како да тргнале по нивните стапки.

Во изминатиот период Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои „вмровските” градоначалници од десетина општини „го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски, односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари. Компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари, во едната од нив Мицкоски има удел од седум проценти, а директорот на штаб на ДПМНЕ добил 18,5 милиони за две години, секако повторно од истите општини под “владение” на градоначалниците на Мицкоски, а истите градоначалници практично го платиле и бунтот во јавното претпријатие “Комунална хигиена Скопје” преку фирмата Река Интернационал..

Компанијата со кривична пријава за местење тендери, “Изолација Дамјан Силјановски” доби повеќе од 141,5 милиони денари од само четири општини.

Денеска објавуваме ексклузивни информации како двајца градоначалници на скопски општини ѝ дале на компанијата МАСТЕФ ДООЕЛ Скопје вкупно 80.482.999 ДЕНАРИ.

Во продолжение двете општини што ја честеле претходно споменатата компанија со над 80 милиони денари.

ОПШТИНА АЕРОДРОМ:

Договор за Одржување и реконструкција на детски и спортски игралишта и друга урбана опрема на територија на ОА склучен на ден 20.03.2023 во вредност од 24.426.000,00ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Договор за Одржување и реконструкција на детски и спортски игралишта склучен на ден 17.10.2022 во вредност од 5.959.000,00ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Договор за Одржување и реконструкција на детски и спортски игралишта склучен на ден 23.05.2022 во вредност од 9.676.000,00ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Договор за Одржување на клупи и корпи и друга урбана опрема на територија на ОА склучен на ден 15.03.2022 во вредност од 3.422.000,00ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Вкупно од Аеродром 43.483.000 денари

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА:

Договор за Поставување на урбана опрема-настрешници и тезги за пазар склучен на ден 12.10.2022 во вредност од 12.999.999,82ден. Потпишан од Орце Ѓорѓиевски.

Договор за Изградба на детски игралишта, набавка и монтажа на урбана опрема и фонтани на територија на ОКВ склучен на ден 30.05.2022 во вредност од 24.000.000,00ден. Потпишан од Орце Ѓорѓиевски.

Вкупно од Кисела Вода 36.999.999 денари

Општините Аеродром и Кисела Вода се редовни „тендеродарители” во серијата текстови кои ги објавува Инфомакс. Ги има речиси кај сите компании и тоа со прилично големи суми.

Да потсетиме на една од многуте изјави на Орце Ѓорѓиевски каде тој ветуваше дека неговиот претходник Темелковски ќе одговара, еве како беседеше тој.

„Со ова Темелковски призна дека правел криминал со оваа улица и дека практично сака да го прикрие криминалот што го направил.

Штета што не му успеа да не го фатиме. Го фативме жив во криминал заедно со овие чесни и мирни граѓани од Кисела Вода.

Апелирам веднаш да прекине градежниот зафат на оваа улица и да дојдат вештаци и да извршат вештачење.

Темелковски за ова мора и ќе одговара, а парите ќе ги врати по секоја цена кај граѓаните.

Темелковски е завршена приказна веќе и треба уште да го исчистиме криминалот. Тоа го заслужуваат граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски.

Слични изјави имаше и Муцунски, но факт е дека ниту едниот, ниту другиот, ниту било кој градоначалник од редовите на ДПМНЕ, досега нема поднесено кривична пријава за претходниците од СДСМ.

Она што, ако може така да се каже, зачудува, во моментов, е молкот од СДСМ за тендерите за кои ние зборуваме и пишуваме повеќе од еден месец. Во „старите добри времиња” и едната и другата партија би искористиле ваков скандал за да го нападнат противникот, ама па како да се напаѓаат кога се во коалиција, а “лидерот” на опозицијата е министер за опозиција?

Врана на врана очи не вади, а вие почитувани граѓани на Република Македонија, кога следен пат ќе се карате со пријатели за едните или другите, сетете се дека едните даваат милионски тендери на фирми блиски до “лидерот”, a другите молчат и им одобруваат.

Што би рекле, сложни калуѓери и во петок мрсат, така и калуѓериве се омрсија со милијарди додека народот пости, да не речам гладува…

А ќе гладува додека не се освести…

Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.