Потребни состојки:
1 кг компири
200 г пченично брашно
200 мл млеко
100 мл минерална вода
2 јајца
250 г динстано бело месо
2 чешниња лук
Сол и бибер
Магдонос
Масло
1 лажица вегета
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите, изрендајте ги и исцедете ги. Додајте брашно и млеко. Во истата смеса додајте матени јајца, малку сол, бибер, сечкан магдонос, гмечен лук и вегета. На крај додајте и минерална вода.
Во тава загрејте малку масло и рамномерно во облик на палачинка распоредете ја подготвената смеса.
Печете ги палачинките од двете страни додека да добијат убава боја. На палачинките ставете ситно сечкано динстано месо и сезонска салата и замотајте.