Ако сакате палачинки, тогаш можете да направите палачинки во рерна со додаток на сирење и спанаќ и ќе имате вкусен оброк.
Потребно е:
-палачинки
-200 гр сирење
– 200 гр павлака
За преливот:
-2 јајца
-200 мл јогурт
-200 гр. спанаќ
-100 гр сирење
-малку сол
Тесто за палачинки:
2 јајца
200 грама брашно
млеко за да се направи потенко тесто
Подготовка:
Подгответе ги палачинките.Изрендајте го сирењето и измешајте го со павлаката. Во сад сипете јогурт, додадете ги јајцата и ренданото сирење и измешајте.
Измијте го спанаќот, па варете 5 минути, исцедете го и исплакнете и грубо исечкајте го. Ставете го сирењето и изедначете.
Наполнете ги и свиткајте ги палачинките. Се редат во плех, па се покриваат со прелив. Се пече на 220 степени 30 минути.