Палачинки со цимет кои мирисаат на празници: Со неколку измени во состојките, ќе добиете вкус што сите ќе го обожаваат

Овој едноставен, малку изменет рецепт за палачинки комбинира класичност и зимски вкус што сигурно ќе им се допадне на сите во куќата.

Состојки:

1 јајце250 мл млеко120 г брашно1 лажичка цимет1 лажичка прашок за пециво1 лажица шеќермалку путер за тавата

Измешајте ги сите состојки додека не добиете свиленкаста смеса без грутки. Намастете ја тавата со путер и загрејте ја, потоа истурете ја смесата и печете ги палачинките околу една минута од секоја страна, додека не добијат златно-кафеава боја.

За дополнителен празничен шмек, направете ароматичен прелив од 1 лажица растопен путер, 1 лажичка цимет и 1 лажица мед. Сервирајте со парчиња јаболко за вистинско зимско уживање.

Пронајдете не на следниве мрежи: