ПАЛЕВСКИ ГО ОБВИНИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ДЕКА ГО ОРГАНИЗИРАЛ ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ НЕГО

Палевски рече дека постои можност Панче да бил убиен на 24 ноември кога сообвинетите се вратиле Рудник за да го затрупаат, како што сведочеше Велибор Манев.
Соња Христовска Угриновска
Објавено 14/04/2025 15:26:47
Првообвинетиот Љупчо Палевски го обвини поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дека е организатор на целиот процес против него. Палевски го обвини и Јавното обвинителство дека не се потрудило да го утврди времето на смртта на Жежовски со цел да манипулира со времето на настаните.
Палевски денеска одговараше на прашања од неговиот бранител Јовица Страшевски. Рече дека бил уапсен во Турција на 5 декември 2023 година, а на 15 мај 2024 бил донесен околу 21 часот во КПУ Затвор Скопје. Немал забелешки за однесувањето на полицајците.
– Мене ми е жал за тоа што го преживеале останатите обвинети, односот кон мене беше коректен. Но, не се коректни судот и Јавното обвинителство – рече тој и додаде дека му биле прекршени на човековите права поради тоа што кога бил донесе во Скопје не му бил врачен никаков документ, а решението за притвор од 4.12.2023 било донесено со погрешен матичен број и погрешно место на живеење.
– Дури после 6 дена, без никакво врачување на решение за притвор, на 21 мај, во крајно понижувачка процедура, со рацете врзани позади, главата наведната кон земја, на главниот влез на овој суд со над 50 камери бев донесен во попладневните часови, некаде околу 19 часот, за да ми се врачи решение за притвор, во присуство на јавната обвинителка Жаклина Крстевска Јосифовска. Не само што бев киднапиран 6 дена, не ме удостоија ниту да ме известат зошто сум притворен – рече Палевски.
Тој обвини дека во обвиненијата на другите четворица обвинети биле ставени предмети со траги од негова ДНК.
– На тој начин бев спречен да знам какви докази се против мене, затоа што судот со решение ги спои двете обвиненија на 04.09.2024. Дури после тоа можев да направам увид во доказите против мене, кога веќе беше започната главната расправа – рече Палевски.
Увид во исказите на другите сообвинети имал неговиот адвокат Марјан Витанов, кој му ги испратил на Палевски.
Повеќе тука
The post ПАЛЕВСКИ ГО ОБВИНИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ДЕКА ГО ОРГАНИЗИРАЛ ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ НЕГО appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: