ПАЛЕВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ Поседувал 200.000 снимени разговори

Доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие, сум можел да уценувам милијардери со ферари и останати, но, тоа не сум го направил. Така што, не само што не сум го извршил, немам ни мотив за такво злосторство – рече Палевски и додаде дека ќе докаже дека е киднапиран од Кривичниот суд.
Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо негира дека ги извршил грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и дека немал никаков мотив за такво злосторство.
Палевски, дали вие, како што посочија двајца сообвинети, ладнокрвно ги извршивте убиствата на Вања и Панче? – го праша адвокатот Јовица Страшевски.
– Не, не сум ги извршил, ни убиствата ни грабнувањата. Едноставно, немам мотив за тоа. Во депото на ОЈО се наоѓа хард диск тошиба, кој го зедоа со записник во кој има над 200.000 разговори на оваа политичка елита, но и на новинарската професија. Доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие, сум можел да уценувам милијардери со ферари и останати, но, тоа не сум го направил. Така што, не само што не сум го извршил, немам ни мотив за такво злосторство – рече Палевски.
Палевски седна во прв ред, свртен кон судијата со лице, а со грб кон сите останати. Одговараше на прашања на неговиот адвокат Јовица Страшевски.
Тој прво побара од Палевски да се претстави накратко, кој е, но Палевски беше опширен.
– Регистрирав политичка партија и бев избран за нејзин претседател. Во последните 20 години се занимавам интензивно со политика. А претходно, правев згради. Организирав собирање потписи за распишување референдум за народот да се изјасни за Договорот за добрососедство со Бугарија. Сметав и сѐ уште сметам дека кога се работи за историја и идентитет на еден народ, тоа не може да биде политичко прашање на ниеден субјект во државата, туку мора да биде плебисцитарно изјаснување на народот. Тоа беше една брза акција, во првите 2 недели од номеври 2023. Во парламентот барањето беше формално одбиено од тривијална причина, затоа што името на договорот било погрешно во референдумското прашање. Потоа, беа скенирани, втори по ред 50.000 декларации, подготвени за предавање на оригиналите на повардарскиот митрополит Агатангел. Секој вторник, среда, петок, сабота и недела јас лично емитував програма во живо на неколку социјални платформи. Секој вторник во 10 часот одеше поткаст „Лице, ум“, во среда од 21 часот одеше „Крш дебата“, во петок Извршен комитет на апликација Зум, затоа што имавме четворица во Извршен комитет од Македонците низ светот. Освен оваа активност во ноември заврши и проектот Банкстери, за откривање перење пари во официјални банки, поддржани од Народната банка, проект кој почна со емитување на 28 ноември во 21 часот, а требаше да биде на 26 ноември во 21 часот. Доцнеше затоа што доцнеа неколку докази, изводи од сметки, свифтови, пасоши за мегатрговци со оружје од Иран, кои имаат депозити во македонски банки. Не беа пристигнати сѐ уште тие докази, кои беа и последни што недостасуваа. Тоа беше причината за одлагање на последната епизода Крш 113. Тоа е редовен поткаст. Во тој серијал за криминал беа објавени само мал дел, 3 документи, а после тоа бев уапсен. Во тие документи се наоѓа причината за убиството на Никола Младенов, се работи за фирма од Велес, Широко езеро, преку која се испумпани многу пари од Македонија. Објавени се во ноември 540 милиони долари, сметки со веродостојни податоци, од кои 420 милиони долари во Комерцијална банка, на име на ирански државјанин и 120 милиони долари на истото лице во Капитол банка. Ја објавивме и одлуката за замрзнување на тие средства во Македонија, затоа што иранскиот државјанин продавал ирански дронови „шахиб“ на Руската федерација. Средствата за набавка на дроновите се од Србија. Требаше да следат уште поткасти дека Македонија е најголема перална на пари. Сето тоа го правев сам, во организациска смисла и со лична одговорност, со 5 до 6 соработници, од кои двајца се надвор од Македонија. Сето тоа како ангажман од ноември 2023 година е најдобра слка за мојот лик дело, за мојата работа – рече Палевски.
Повеќе тука
The post ПАЛЕВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ Поседувал 200.000 снимени разговори appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: