Палевски тврди дека ги нема сите докази предложени во листата на докази

Денеска во Кривичниот суд во Скопје се одвив новото рочиште за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Денеска пред судот ќе се изведуваат материјални докази.

Палевски тврди дека ги нема сите докази предложени во листата на докази, еден од неговите бранители, Марјан Витанов тврди дека тој ги добил сите докази од Обвинителството, а доколку има некој кој недостасува со истиот ќе се запознаат во текот на постапката.

– Имајќи го предвид поднесокот, сите докази кои ги бара обвинетиот јас ги имам на USB, што побарав од судот, добив, доколку обвинетиот тврди дека некој доказ недостасува сметам дека во фаза на доказна постапка ќе имаме можност да се запознаеме со нив.

За секој исказ на секој сведок направив забелешка. Палевски бара од судот вештачење на неговиот телефон, конкретно комуникација на Телеграм. Минатиот петок го добив тоа, има 10.000 скриншотови на телефони, не се хронолошки подредени, сметам дека овој доказ го имам и обвинетиот ќе го има веднаш штом го обработам.

Јас доставив барање да се обезбедат „антените“ од истиот телефон, истото не би беше одговорено од Обвинителството, меѓутоа судот е известен за тоа. По однос на фотокопија од листа на докази, се бара листа на докази од сообвинетите, а јас не сум запознаен дали има листа на докази, истакна бранителот Витанов.

Судот му укажува на бранителот дека единствено има листа на докази од обвинетиот Александар Ѓорчевски и истите ви ги доставува во копија.

Пронајдете не на следниве мрежи: