Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, денес ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, но и со претставници на политичките партии.
МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Р. Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјава и во регионот.
Како што објави Американската амбасада во Скопје минатата недела , Палмер ќе разговара со македонскиот државен врв околу поддршката на САД за Договорот од Преспа и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.
Годинава ова е втора посета на Палмер на Македонија, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во месец август.