Памела Андерсон беше еден од најголемите секс-симболи во 90-те, но 56-годишната актерка сега го присвоила природниот изглед и ја открила причината поради која престанала да се шминка.
Ѕвездата на „Baywatch“ открила дека ја донела одлуката откако нејзината висажистка Алексис Вогел починала од рак на дојка:
„Таа беше најдобра. И после тоа, за мене едноставно беше подобро да не се шминкам“.
За стареењето
„Тоа може да биде ослободувачко и забавно и по малку бунтовно“, објаснила таа, додавајќи дека се радува на стареењето и дека сака да направи нешто спротивно на она што го прават повеќето луѓе.
„Мислам дека сите почнуваме да изгледаме малку смешно кога ќе остариме. Некако се смеам на себе кога ќе се погледнам во огледало. Па велам: „Леле, ова навистина ми се случува“. Тоа е патување“, вели Андерсон.
“Со задоволство би ги покажала своите пеги. Забавно е да стареам. Тоа е олеснување. На одредена возраст изгледаме помлади и посвежи без шминка”, раскажала таа.
Без шминка
„Ова сум јас. Среќна сум со тоа што сум сега. Тоа е нов свет и многу сум благодарна за сета поддршка“, заклучила Андерсон.
Памела се појави на неколку насловни страници на женски списанија позирајќи без шминка. Таа објасни дека на почетокот на кариерата немала во целост право на глас за тоа како ќе изгледа и „го правела тоа што ѝ било кажано“.