„Се омажив на имотот кој го купив пред 25 години, овде се венчаа и моите родители, а тие сè уште се заедно“, изјави Памела.
Извор близок на актерката за CNN изјави дека таа е посреќна од кога било, а Ден е на „деветтото небо“, односно дека се оженил со жена од неговите соништа.
Веста доаѓа една година откако Памела наводно се омажи за Џон Питерс, а што подоцна го оспори во интервју за The New York Times.
Првиот брак на актерката е со Томи Ли склучен во 1995 година. Заедно добија два сина и се разведоа во 1998 година.
Памела потоа се омажи за Кид Рок во 2006 година, за Рик Саломон беше мажена два пати, во 2007 година и во 2013 година. Ова е петта среќа за Памела.