Maкедонската фудбалска репрезентација во последниот период зад себе има добри резултати, а во последната недела се случија и промени во раководството.
На позицијата спортски директор беше поставен Горан Пандев кој е задолжен за сите селекции. Пандев сега гостуваше во „ТВ 21“ каде што потенцираше дека Македонија не смее да си дозволи да губи фудбалери како што во минатото беше случај со Дејан Кулушевски и Никола Секулов.
„Ние смееме да губиме фудбалери како Кулушевски и Секулов, тоа се фудбалери кои ги поминаа младинските категории во Македонија мислам дека брзо се откажавме од нив. Имаме многу таленти кои играат во странство и треба само на време да го препознаеме тој талент. Работиме на скаутинг службата и наскоро ќе именуваме три-четири скаути кои ќе работат за нас низ Европа. Секој кој има квалитет ќе добие шанса и ќе оставиме на одговорните да одлучат дали има потенцијал“, изјави Пандев во своето гостување.