Пандемијата го зголеми бројот на невработени во Црна Гора

Од воведувањето мерки за борба против епидемијата на коронавирус на 15 март годинава, невработеноста во Црна Гора е зголемена за 20,99 проценти, односно 7.446 лица останаа без работа.На денот на воведувањето на мерките за борба против епидемијата на вирусот Ковид-19 , 35.466 невработени лица биле запишани во евиденцијата на Бирото за вработување со што евидентиран е пораст на невработеноста за 7.446 лица или 20,99 проценти,
Според податоците од заводот , на најголемиот број лица им е прекинат работниот однос поради истекот на договорот за работа на определено време 4.159 или 82,05 проценти, потоа склучување договор со работодавачот за престанок на работниот однос 311 или 6,13 проценти и исплатена отпремнина на работникот за чија работа нема повеќе потреба 196 или 3,87 проценти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.