Паника и оштетени куќи: Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди грчкиот регион Тесалија

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала се случи вчера во регионот на Тесалија, на 16 километри од Еласона, место во близина на Лариса. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7,8 километри, на место познато по чести земјотреси, на 23 километри од административниот центар на Тесалија, Лариса.


Според првите информации од местото на настанот, нема повредени, видливи се оштетувања на зградите во Еласони и Лариса, но нема детални информации за состојбата на старите куќи во околните села. По првиот се почувствувале уште неколку земјотреси, од кои најсилниот бил 4,9 Рихтер, а Геодинамичкиот институт во Атина најавува дека се можни нови земјотреси.
Пациентите во Универзитетската болница во Лариса ги напуштиле болничките соби, а студентите ја прекинале наставата. Вработените излегле на улиците и зазеле места во градските паркови.
Градоначалникот на Еласони издал наредба училиштата да бидат затворени денес, а истото ќе важи и за сите јавни институции кои имаат видливи оштетувања на фасадите.
Прилично силното поместување на земјата предизвикало паника во неколку градови во централна Грција.
Покрај Еласони и Лариса, на улиците излегле и жителите на Кардица, Трикала, Волос, Калабака, Кожани, а дури и во Јанина, како и во повисоките делови на Солун, се почувствувал земјотресот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.