Панчевски најавува кривична пријава за Советот на јавни обвинители

Владимир Панчевски, чија кандидатура за државен јавен обвинител не беше прифатена вчера од Советот на јавни обвинители, најавува кривична пријава против сите членови на Советот.
Во објава на Фејсбук, Панчевски наведува дека членовите на Советот ја искористиле нивната службена положба и постапиле спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата кандидатура.
– Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско – обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем. Ги повикувам Владата и органите на прогонот да се охрабрат и веднаш да постапат по оваа пријава за директна злоупотреба од страна на пријавените. стои во објавата.
Посочувајќи ја вчерашната изјава на Мирјана Илиевска во улога на заменик претседател во Советот, Панчевски вели дека Илиевска е сопруга на Орде Илиески кој тој го осудил за организиран криминал.
Илиеска, според Панчевски, била должна да се изземе при гласањето како блиско лице под сомнеж за пристрасност и судир на интереси.

Пронајдете не на следниве мрежи: