Панчевски по помилувањата на Давкова: Тоа синко мој е нашата држава, држава на брендови: СВАРОВСКИ, ЛУЈ ВИТОН и ШЕНКИ ДЕ ВЕРСАЧЕ!!!

Син ми денес, мојот херој! 🎖️🏆🏅

Тато, тато нели Давкова – Сиљановска ни е прва комшивка и нели ти ме учеше дека комшиите се помагаат и се грижат едни за други?

Не синко мој, еве и јас како еден татко пред некое време да ти се обратам вака јавно, сега сфатив дека погрешно те воспитував за живот во оваа држава многу згрешив синко мој прости ми, оваа држава е држава само на политичарите и елитите, оваа држава не е наша!

Оваа држава е држава на ќешот и криминалот, држава на професорите од сите факултети обединети кои прескокнуваат од факултет на политички функции за да печалат и го товарат своето конто и после безбедно да се вратат во професорските кабинети и да штанцаат дипломи за деца како тебе кои деца потоа нема да имаат што да работат овде. Нивните професорски малолетни деца синко мој имаат доволно пари од мекици и родендени да си платат скапи возила и скапи апартмани и скапи авионски карти дури до Америките, но ти синко мој го имаш татко ти, биди среќен што имаш ваков татко!

Тоа синко мој е нашата држава, држава на брендови: СВАРОВСКИ, ЛУЈ ВИТОН и ШЕНКИ ДЕ ВЕРСАЧЕ!!! 🎖️🏆🏅

Ако беше порано да му умре козата на комшијата, е нивните кози не умираат!

Поздрав ми вели татичко до дедо Благоја и баба Гордана кога ќе ги видиш!

Пронајдете не на следниве мрежи: