Панчевски правосилно осуден за мобинг

Позитивната пресуда за мобинг деновиве ја потврдил и Апелацискиот суд во Скопје и ова е прва конечна пресуда за мобинг во Македонија.
Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски е правосилно осуден за мобинг врз вработениот во Кривичниот суд, Горан Стаменковски, кој се уште е вработен во Судот. Позитивната пресуда за мобинг деновиве ја потврдил и Апелацискиот суд во Скопје и ова е прва конечна пресуда за мобинг во Македонија.


– Согласно донесената одлука, вршител на вертикалниот мобинг е лицето В.П. од Скопје. Мобингот во форма на психичко вознемирување е вршен према лицето Г.С. од Скопје на начин што без решение за распоредување, а врз основа на задолжение, бил приморан да работи на голем број предмети, со краток рок на извршување, бил јавно деградиран, исмејуван и омаловажуван, а против него било покренато и дисциплинска постапка. Мобингот траел неколку години, а покрај другите докази, жртвата има и медицинска документација, како доказ за нарушено здравје. Ова е прва конечна пресуда во Р.С. Македонија – објави адвкатката Ана Ристова на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.