Панчев: Немам седум милиони евра во Еуростандард

Панчев: Немам седум милиони евра во Еуростандард

Вака одеше информацијата или дезинформацијата, за која што до денеска не е разјаснето што е.
Прво се објави дека штедач имал заглавени 7 милиони евра во банка. Не се соопшти неговиот идентитет. Потоа, десетина дена подоцна се објави дека тоа бил некој спортист, без да се соопшти неговиот идентитет. Тоа им даде за право на сите да шпекулираат и да нагаѓаат.

Не е јасно како се дојде до името на Панчев!? Дали беше намерно цел на лажни вести не знаеме.

На ова Панчев денеска изјави: „Најмногу ми е жал за оние мали луѓе кои ја хранеа својата празна душа со вакви дезинформации за на крај да бидат разочарани заради оваа невистина. Јас седум милиони евра во банка немам и не знам на кого му паѓаат вакви идеи и која е целта за вакви шпекулации. Исто така сочувствувам со сите оние оштетени граѓани кои настрадаа, со надеж дека нашите институции ќе најдат начин да им помогнат на овие луѓе“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.