Панчев по реакциите од јавноста и Комитите: Не го девалвирам успехот на Вардар, туку против мене се води хајка!

Дарко Панчев повторно е во фокусот на вниманието. Овој пат, поради изјава дадена во интервју за српски „Би-Би-Си“, каде фудбалот го стави пред ракометот и доби напад од публиката.
Од редакцијата на ГОЛ.МК го контактираа Панчев да ја каже својата страна на таа тема, па вели дека од многумина бил различно сфатен, се сомнева во хајка и вели дека ниту еднаш во тоа интервју не го девалвирал успехот на Вардар и Македонија на ракометен план.


-Ова е типичен случај на хајка, без да се прочита убаво во интервјуто што се пишува. Јас во него за Македонците велам дека се жедни за спорт, гладни за успех, на позитивен начин, а не онака како што многумина пренесоа. Целата лавина почна од одредени медиуми и одредено место. Претпоставувам со намера. И сега се смеам кога гледам каква реакција се случи затоа што не бев разбран, или не сакаа да ме разберат свесно. Отсега, ако сака некој да ме праша нешто околу мое интервју дадено во странство, ако не разбира, слободно може да ми се јави. Во спротивно, не мора да се пренесува истото. Во моето интервју се зборува општо, дека ракометот како спорт не си го има добиено можеби своето заслужено место меѓу спортовите во Европа. Спортот како ракомет може и повеќе вреди, но никогаш не го доби вистинското место како фудбалот. Во интервјуто никаде не е споменат ниту Вардар, ниту Македонија, ниту се девалвираат успесите, вели „Златната копачка“ од Македонија.
Ракометот моментално е спорт број еден во Македонија, затоа што машкиот ракометен клуб Вардар има две европски титули, а во женскиот има едно злато преку Кометал Ѓорче Петров и уште пет други европски одличја преку ЖРК Вардар. Македонската ракометна репрезентација се уште нема медал од големите натпреварувања, но е редовен учесник на Европско и Светско првенство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.