Папата Бенедикт Шеснаесетти кој неочекувано донесе одлука да го напушти Апостолскиот престол, во среда ќе ја одржи својата последна сеопшта аудиенција на којашто на Плоштадот на свети Петар ќе присуствуваат, како што се очекува, околу 200 илјади верници од целиот свет.
Својата одлука да ја папушти папската служба, 85-годишниот Бенедикт Шеснаесетти ненадејно ја соопшти на 11-ти февруари. Папата ќе го напушти Ватикан во 17 часот, во четврток на 28-ми февруари и со хеликоптер ќе биде префрлен до папската летна резиденција во Кастелгандолфо. Периодот на седисваканцијата (испразнетата папска столица) во Ватикан ќе биде објавен исто така во четврток во 20 часот.
Како и во неделата, кога Папата ѝ се обрати на паствата од прозорецот на својот кабинет во Апостолската палата, за последната негова проповед, италијанските власти преземаа зголемени безбедносни мерки.
Според локалните медиуми, за обезбедување на редот и проодноста кон базиликата Свети Петар ќе бидат ангажирани повеќе од две илјади припадници на полицијата, службата за цивилна заштита и волонтери.
Последното јавно појавување на понтификатот кој по своето повлекување ќа ја добие титулата „почесен Папа” или „почесен Римски папа” и ќе го задржи своето папско име, ќе биде неговото појавување од терасата на резиденцијата во Кастелгандолфо.
Макфакс
Папата Бенедикт Шеснаесетти кој неочекувано донесе одлука да го напушти Апостолскиот престол, во среда ќе ја одржи сво