Папата ги откажа јавните настапи поради коронавирусот

Папата Франциск ги откажа сите јавни настапи со цел да избегне голем број луѓе поради епидемијата на новиот коронавирус.
Како што соопшти неговата служба, папата ќе им се обраќа на верниците преку Интернет.
Ватикан соопшти дека папата утре нема да им се обрати на верниците од прозорецот со поглед кон црквата „Свети Петар“, ниту во среда.
Ова е првпат 83-годишниот папа да ги откаже јавните настапи откако беше назначен на функцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.