Папата Франциск денеска изрази загриженост поради одлуката на Киев да ја забрани Украинската православна црква (УПЦ), која е поврзана со Московската патријаршија.
„Ниту една христијанска црква не треба да биде укината директно или индиректно“, рече Папата по тој повод, пренесува Vatican News.
Тој додаде дека продолжува со болка да ги следи борбите во Украина и Руската Федерација, а имајќи ги предвид законите што неодамна беа усвоени во Украина, чувствува грижа за слободата на оние кои се молат, бидејќи, како што рече, кој навистина се моли, тој го прави тоа за сите.