Папата Лав XIV повторно се изјасни против смртната казна, оценувајќи дека таа претставува напад врз неповредливоста и достоинството на човекот и му ја одзема можноста за искупување.
„Општото добро може да се заштити, а барањата за правда можат да се исполнат без прибегнување кон смртна казна“, порача папата по повод Светскиот ден против смртната казна.
Неговата порака доаѓа во време кога во САД се води жестока дебата по најавата на Пентагон дека на 3 декември во живо би можело да биде пренесено погубувањето со стрелачки вод на Нидал Хасан, поранешен армиски психијатар осуден за убиството на 13 лица во Форт Худ во 2009 година.
Доколку биде извршена, тоа ќе биде првата егзекуција со стрелачки вод од американската војска од 1945 година. Планот за пренос во живо предизвика критики од верски претставници и дел од американските политичари.
Папата директно не го спомена случајот со Хасан, но ставот на Ватикан е јасен – смртната казна е неприфатлива, без оглед на тежината на стореното дело.



