Папата Лав XIV опериран во Рим, зафатот поминал според планот

Папата Лав XIV денеска попладне беше успешно опериран во римската болница „Џемели“, каде што му беше отстранет мал јазол од белите дробови. Ватикан соопшти дека хируршкиот зафат поминал добро и според планираното.

Седумдесет и едногодишниот папа бил примен во болницата претходно во текот на денот. Тој претходно изјавил дека израстокот бил откриен во рана фаза, за време на неодамнешен лекарски преглед.

Од прес-службата на Ватикан информираа дека се очекува неговото закрепнување да трае приближно една недела.
Засега, состојбата на папата е стабилна, а операцијата била извршена според предвидениот план.

Пронајдете не на следниве мрежи: