Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата и повика лекарите и здравствените работници да им пружаат грижа и поддршка на пациентите кои страдаат, наместо да го прекинуваат нивниот живот. Пораката ја упати за време на посетата на францускиот град Лурд, познатото католичко аџилак-место.
„Мора да ја отфрлиме искушението да предизвикаме смрт под маската на лажно сочувство. Невозможно е предизвикувањето смрт да се смета за нешто нормално“, порача Лав XIV.
Папата нагласи и дека тоа што нешто е дозволено со закон не значи автоматски дека е морално прифатливо. Тој оцени дека никој нема право да одлучува за животот врз основа на „лабораториски алгоритми“.
Лав XIV во своето обраќање се осврна и на законските рамки за евтаназијата во повеќе европски земји, меѓу кои Холандија и Белгија.
Неговата изјава доаѓа во период кога и Франција направи чекор во оваа област. Француското Национално собрание годинава, по долги расправи, со големо мнозинство го усвои законот за асистирано умирање.
Лурд е претпоследната станица од посетата на Лав XIV на Франција. Папата утре ќе отпатува во Мец, во близина на француско-германската граница, каде што е предвидено да одржи говор посветен на Европа.



